Поддршка на граѓанското општество
Поддршка на граѓанското општество
Симболот на хеликсот ја пренесува идејата за отпорноста како способност да се издржи, да се прилагоди и да се расте. Сите ја имаме таа способност во себе и секој може да ја научи и да ја развие, како што се случува и во самата природа. Развојната спирала можеме да ја забележиме во секој жив организам, во природата и во околината.

Отпорноста го прифаќа непознатото и ја поздравува флексибилноста, адаптацијата и иновативноста. Тоа е нашиот капацитет да одговориме и да се приспособиме на значајните промени, кои станаа суштински во денешно време. Граѓанските организации за развивање на отпорноста на заедницата и на општеството имаат главна улога во прилагодувањето кон новата реалност и прифаќањето на новите можности.

Граѓанскиот ангажман и учество се важни елементи на активното граѓанство и основен услов за иновативно и демократско општество. За да се овозможи ова, ЕУ ќе го поддржи граѓанското општество преку Механизмот за граѓанска отпорност во Република Северна Македонија.

Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО) е програма за директна поддршка на граѓанските организации започната во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија.

Главната цел на оваа Програма е да придонесе за подобрување на просторот и капацитетите на граѓанското општество за ефикасно решавање на клучните реформски приоритети во своите заедници потребни за понатамошна демократизација на општеството. Преку оваа поддршка, граѓанските организации треба да создадат посилни врски со граѓаните така што ќе ги вклучат во одлучувањето и креирањето политики кај јавните тела и во обезбедувањето почитување на владеењето на правото и доброто управување, основните права и меѓународните стандарди, социјалната и позелената економија и другите активности важни за интересите на граѓаните и за подобрување на нивните услови за живот.

Покрај тоа, избувнувањето на пандемијата COVID-19 и нејзиното негативно влијание врз економската и социјалната сфера ја зголеми постојната ранливост на општеството. Во овој контекст, МГО е важен за проширување на партнерствата на ЕУ со локални (грасрут) граѓански организации во Северна Македонија во понатамошно зајакнување на локалните заедници заради одржување на социјалната кохезија и политичкиот дијалог за обликување на социо-економското закрепнување кон поправично, породово одговорно и поеколошко општество.

Во таа насока, МГО ќе служи да им овозможи на локалните граѓански организации да преземат ефикасни и ефективни активности за навремено да одговорат на реалните потреби во своите заедници и да ја зајакнат отпорноста на граѓаните при честите општествени промени, но и објективно и навремено да ги информираат граѓаните за процесот на пристапување во ЕУ и сродните секторки реформи во земјата и нивното вистинско влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.

Поддршката е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија, со последен годишен приход од максимум
50,000 евра.

Секоја акција што треба да се поддржи преку Механизмот за граѓанска отпорност мора да биде заснована на права и да биде од јавен интерес. Акциите засновани на права се спроведуваат според „пристапот заснован на права“, ставајќи ги универзалните вредности, стандарди и норми за човековите права во центарот на акцијата. Овој пристап ги опфаќа основните, човековите права, економските, социјалните и културните права, вклучувајќи ги правата на животните и животната средина. Активност од јавен интерес е активност која е општествено корисна. Во членот 74 од Законот за здруженија и фондации се наведени активности/дејности од јавен интерес.

Предложената акција мора јасно да се однесува на најмалку една од петте цели/лотови наведени подолу за да може апликантот да се смета за подобен. Иако предложената акција може да се однесува на прашања од повеќе од една цел, таа мора јасно да припаѓа на една од целите/лотовите наведени подолу.

Цел/Лот 1: Овозможување на ГО да креираат и имплементираат закони и политики, како и да ги зајакнат улогите на застапување и надзор.

Цел/Лот 2: Зајакнување на ГО за подобрување на секторското вмрежување, дијалогот и соработката со јавните институции (централни и локални) и бизнис заедницата.

Цел/Лот 3: Поддршка на ГО во промовирање и унапредување на демократијата и човековите права со акции засновани на права.

Цел/Лот 4: Подобрување на видливоста на работата на ГО и зајакнување на нивната комуникација со нивните конституенти и секторските чинители.

Цел/Лот 5: Поттикнување на вмрежување и размена на добри практики меѓу ГО во земјата и со ГО од земјите на ИПА/ЕУ (создавање граѓански иницијативи и платформи и/или учество во европски чадор-организации за структурна соработка).

Локација
Акциите мора да се спроведуваат на територијата на Република Северна Македонија.

Во Насоките за апликантите ќе најдете листа на индикативни активности (која не е исцрпна) како и детали за подобните трошоци за акцијата.

За повеќе информации одете ОВДЕ.

Вкупната индикативна сума достапна за овој повик за директна поддршка изнесува 900.000 евра.

Во првиот круг на аплицирање ќе биде доделена директна поддршка во износ до 600.000 евра.

Висина на директната поддршка
Секоја поддршка побарана врз основа на овој повик за директна поддршка мора да биде еднаква или помала од 20.000 евра.

Сите трошоци за подобните активности во рамките на избраните апликации ќе бидат покриени 100%.

Минимално времетраење на акцијата: 3 (три) месеци.

Максимално времетрање на акцијата: до 31 август 2023.

За да аплицирате за овој повик за директна поддршка, треба да го пополните формуларот за апликација, вклучувајќи го буџетот со негово образложение.

Вие мора да аплицирате на англиски јазик.

Формуларот за апликација мора да се поднесе онлајн преку веб-страницата по пополнување на општиот онлајн формулар.

По поднесување на онлајн формуларот за апликација, ќе добиете автоматска потврда за прием.

Ве молиме имајте предвид дека некомплетните формулари за апликација можат да бидат одбиени. На апликантите им се советува да проверат дали нивниот формулар за апликација е пополнет со користење на списокот за проверка за формулари за апликации.

Ви препорачуваме да ги проверите документите и процедурите за имплементација пред да побараат поддршка за да бидат соодветно информирани за барањата на апликацијата.

Рокот за аплицирање на овој повик за директна поддршка е:

  • 15 ноември 2022 година во 17:00 часот (локално време)

НАСОКИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ (преземи овде)

ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОПОЛНАТ
Анекс А: Формулар за апликација (преземи овде)
– A.1 – Индикативен акциски план за спроведување на акцијата
– А.2 – Тематски полиња
– A.3 – Список за проверка
Анекс Б: Буџет (преземи овде)

ИНФОРМАТИВНИ ДОКУМЕНТИ
Анекс В: Насоки за имплементација (преземи овде)
Анекс Г: Табела за оценување (преземи овде)

АПЛИЦИРАЈ ОВДЕ

Апликациите ќе ги разгледува и оценува договорниот орган со помош на оценувачи. Сите апликации ќе бидат оценувани според следните чекори и критериуми:

  • Доколку при разгледувањето на апликацијата се утврди дека предложената акција не ги исполнува критериумите за подобност наведени во табелата за оценување, апликацијата ќе биде отфрлена само врз оваа основа.
  • Врз основа на критериумите за усогласеност од табелата за оценување, акцијата ќе добие или нема да добие препорака за поддршка.

Проверката на подобност ќе се врши врз основа на придружните документи што ги бара договорниот орган. Се разбира дека ќе се проверуваат само апликациите кои биле начелно избрани според нивната оценка и во рамките на расположливиот буџет за овој повик за директна поддршка. Ќе се бараат копии од следниве придружни документи:

  • Статутот или основачкиот акт на апликантот;
  • Тековната состојба на апликантот издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • Последната завршна сметка на апликантот.

Во случај потенцијалниот апликант да не добие препорака за поддршка, апликантот ќе добие препораки за подобрување на формуларот за апликација и може да избере да го подобри и повторно да го поднесе во вториот круг за аплицирање.

Тимот на МГО организира низа информативни сесии за да обезбеди насоки за пополнување на барањето за поддршка и да одговори на прашања. Следете не на Фејсбук за да се информирате за следната информативна сесија и да го пријавите вашето учество.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте го тимот на МГО на +389 (0) 76 202 739, од 10:00 до 15:00 часот (понеделник – петок).

Тимот на МГО е посветен да ви одговори навремено.

    Прилагодена поддршка преку градење капацитети ќе биде обезбедена за локалните организации. Врз основа на потребите за градење капацитети идентификувани за време на спроведувањето на Механизмот за граѓанска отпорност, ќе биде развиен план за обуки за ГО, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

    Ве покануваме да ги прочитате темелно документите за МГО пред да го подготвите вашето барање за поддршка. Доколку имате прашања, можете да пишете на нашата линија за поддршка: crm-helpdesk@eu4cr.mk

    Сите прашања со одговори ќе бидат објавени под Често поставувани прашања.

    1. Механизмот за граѓанска отпорност поддржува акции засновани на права, што значи пристапот заснован на права?
    Пристапот заснован на права бара внимание од институции, групи или поединци кои имаат одговорност или должност во идеален свет да ги обезбедуваат услугите, да ги заштитат правата или да преземат мерки што имате намера да ги покриете во вашата акција. Овие таканаречени носители на должности би можеле да бидат локални тела, министерства, пратеници, универзитети, граѓански организации, приватен сектор, професионални организации, меѓународни организации, водачи на заедниците итн.

    Пристапот заснован на права го развива капацитетот на носителите на должностите да ги исполнат своите обврски и ги охрабрува имателите на правата да ги бараат своите права. За секоја акција, различни носители на должност може да имаат различни улоги и одговорности. Ако овие чинители не ги исполнуваат своите одговорности или должности и ако не преземете ништо за да го промените ова со вашата акција, тоа ќе значи дека работите продолжуваат да бидат исти и ќе ви треба бескрајно да продолжите да собирате средства за пополнување на празнините што ги оставаат носителите на должности. Притоа, може да се каже дека пристапот заснован на права цели и кон одржливост на акциите и резултатите.

    За подобро да развиете акции засновани на права, можете да ги следите овие чекори:

    1. Сметајте дека живеете во идеален свет, кои институции, групи или поединци ќе ги исполнуваат активностите/услугите/мерките што ќе ги спроведувате во вашата акција?
    2. Размислете за нивните улоги и должности. Што прават тие? Што би требало идеално да прават/обезбедуваат?
    3. Размислете за тоа кои улоги и должности ги извршуваат или недоволно ги извршуваат, а кои не ги извршуваат релевантните носители на должности што ги идентификувавте?
    4. Сега фокусирајте се на вашата акција и на резултатите/исходите што сакате да ги постигнете во акцијата што ја дизајнирате. Можете да размислите за соработка со релевантните носители на должности за должностите што тие ги извршуваат за да ја направат вашата акција посилна. За должностите што сте ги идентификувале како недоволно извршени, може да размислите за градење на капацитетите на релевантните носители на должности за да се обезбеди правилно извршување. А за оние должности кои воопшто не се спроведуваат, може да размислите или да застапувате пред релевантните носители на должности и да ги потсетите на нивните улоги и одговорности и/или да соработувате со нив во градењето на нивните капацитети за преземање одговорност.
    5. Откако ќе се одлучите за пристапот погоре, сега можете да почнете да размислувате и планирате за конкретните активности што треба да ги спроведете во рамките на вашата стратегија. На пример, ако градите капацитет, тогаш најверојатно ќе треба да спроведувате семинари, обуки, истражувања и извештаи. Ако се работи за застапување, тогаш најверојатно ќе користите истражување, кампањи на социјалните мрежи, директно лобирање со носителите на должност, петиции, соработка со други граѓански организации кои работат на истото поле за да го зголемите ефектот и влијанието на вашата кампања за застапување итн. Ова се само примери и видовите на активности што ќе треба да ги изберете ќе бидат многу поврзани со карактерот и пристапот на носителите на должности.
    6. Сега кога ги знаете сите детали, можете да ги додадете носителите на должност што ги идентификувавте, должностите и одговорностите што би сакале тие да ги исполнуваат, вашата стратегија за да ги вклучите во вашата акција (застапување и подигање на свеста наспроти соработка и градење капацитети, или обратно.)

    Пристапот заснован на права се спроведува преку примена на пет водечки принципи за работа:

    За да прочитате повеќе за пристапот заснован на права видете ТУКА.

    2. Каков тип на мерки можеме да вклучиме за да преземеме меѓусекторски прашања како што се родова еднаквост, животната средина, младите, пристапноста, при дизајнирање на нашата акција?
    Механизмот за граѓанска отпорност, во согласност со пристапот заснован на права, бара разгледување и интегрирање на меѓусекторските прашања, особено на следново: обезбедување пристап на лицата со различна попреченост, вклучување на обесправените групи, заштита на животната средина, родова еднаквост и вклучување на младите. Има релевантни прашања во формуларот за апликација во кој ве прашуваат како ќе ги насочите и вклучите овие области во рамките на конкретните активности, политики и/или конкретни мерки кои ќе ја зајакнат вашата акција и ќе придонесат за остварување на целите на програмата. Таквите мерки и активности варираат од обезбедување на еднакво родово учество, еднакво учество на младите, обесправените групи и лицата со попреченост во вашите активности поддржани од МГО до организирање конкретни активности за вклучување млади жени со попреченост или до обезбедување конкретни мерки (на пр., достапни места , веганско или вегетаријанско кетеринг, неупотреба на пластични шишиња, рециклирање). Кога и ако има истражувачка компонента во вашата акција, можете да бидете сигурни дека сите полови и возрасти се претставени во анкетата. Или кога и дали ќе креирате веб-локација или видео, можете да размислите за знаковен јазик и преводи за лицата со различна попреченост). При следењето на резултатите од активностите, можете да размислите за проценка на тоа како различните групи на луѓе (поделени по пол, возраст, попреченост, итн.) се засегнати од вашата интервенција.

    3. Може ли ГО да побара поддршка за повеќе од една акција?
    ГО може да добие директна поддршка преку Механизмот за граѓанска отпорност за спроведување само на една акција.

    4. Можеме ли да добиеме поддршка од Механизмот за граѓанска отпорност за дизајнирање или изготвување на нашата акција? Ако да, каква поддршка можеме да добиеме?
    Сите граѓански организации кои сакаат да побараат поддршка од Механизмот за граѓанска отпорност можат да побараат помош од тимот на МГО – линија за поддршка во сите фази: фази пред аплицирање, аплицирање и спроведување. Сепак, имајте предвид дека тимот на МГО – линија за поддршка нема да ви помогне во пишувањето или пополнувањето на формуларот или да изврши каква било проверка на усогласеноста на вашата апликација. Поддршката се состои од појаснувања и/или објаснувања во врска со критериумите за подобност, процесот на аплицирање, појаснувања за буџетот, појаснувања за формуларот за апликација, проверките за подобност и усогласеност, информации за други активности поддржани од МГО, за потенцијални партнери и друга слична поддршка.

    5. Ние сме граѓанска организација формирана во март оваа година. Веќе имаме добро портфолио, минати проекти, како и проекти на кои работиме моментално. Сепак, не можеме да обезбедиме официјален годишен извештај бидејќи работиме помалку од една година. Ве молам да не информирате дали можеме да аплицираме.

    Според Дел 2.1. Подобност на апликантите од Упатството за апликанти, критериумите за подобност на апликантите се:

    Нема конкретни критериуми за тоа кога е основана организацијата. Бидејќи вашата организација е основана во 2022 година не сте обврзани да доставите финансиски извештаи за 2021 година.

    6. Ние сме ХХХ, и сме едно од најстарите регистрирани здруженија во Македонија. Нашата работа е вмрежување на здруженија низ целата земја. Можеме ли да аплицираме на овој повик?

    7. Нашата организација е регистрирана во Велес. Можеме ли да аплицираме со проект кој ќе се реализира надвор од територијата на општина Велес, односно во друг град во Република Северна Македонија? Дали во тие минимум три месеци спаѓа процесот на организирање на конечниот настан?

    Во делот 2.2. Подобни акции; акции за кои може да се поднесе апликација од Упатството за апликанти стои дека дејствијата мора да се одвиваат на територијата на Република Северна Македонија. Нема конкретни критериуми дека акцијата мора да се одвива во општината каде што е регистриран апликантот. Активностите може да се спроведуваат во една или повеќе општини во еден или повеќе региони во Република Северна Македонија.

    Што се однесува до времетраењето на предложениот проект, според критериумите, почетното планирано времетраење на една акција не може да биде помало од 3 месеци со максимален период на реализација до 31 август 2023 година. Според тоа, можете да го одредите времетраењето на акцијата што треба да биде од три до осум месеци доколку планирате да започнете со спроведување на акцијата во јануари 2023 година. Времетраењето на акцијата го опфаќа спроведувањето на сите активности од предложената акција вклучувајќи го и завршниот настан.

    8. Ние сме ХХХ од Велес и задоволни сме што ЕУ сака да го поддржи граѓанското општество преку Механизмот за граѓанска отпорност во Република Северна Македонија. Ги прочитавме Насоките за апликантите и имаме прашање во врска со Упатствата за имплементација на МГО, дел Опрема (купување мала опрема). Бидејќи работиме на одредено поле ХХХ , би сакале да прашаме дали постои можност да се промени процентот за набавка, наместо мала опрема, би сакале да купиме специјализирана опрема за спасување (на пример: опрема-60% надомест на акциониот тим- 20%).

    Според Дел 2.3. Подобност на трошоци: трошоци кои можат да бидат вклучени од Упатството за апликанти „Набавка на мала опрема, која мора да биде директно поврзана со активноста и која мора да биде оправдана. Набавката е ограничена на 15% од вкупниот буџет на акцијата. Видот на опрема може да биде за спроведување на акцијата (лаптоп, печатач, проектор), но може да биде и друг вид на опрема за специфичната природа на активностите во рамките на акцијата. По целосно спроведување на акцијата, сопственоста на опремата ќе биде пренесена на ГО што ја спроведе акцијата.“

    9. Според финансискиот извештај на организацијата за 2021 година, организацијата не треба да надминува 50.000 евра во пруход за да може да биде подобен апликант. Во финансискиот извештај има тековен прилив/приход за 2021 година како и пренесен приход од претходната (2020) година. Дали и двете се земени за пресметување на годишниот приход?

    Вишокот на приходи од претходната година пренесени во 2021 година не се земаат предвид при пресметка на годишниот приход за 2021 година.

    10. Министерството за информатичко општество прави категоризација на работни места за сите вработени во јавниот сектор, и тоа даватели на јавни услуги, помошни технички лица и административни работници. Под даватели на јавни услуги во здравството, кои според шифрарникот на МИОА ја имаат шифрата ЗДР, се здравствените работници и здравствените соработници. Работното место здравствен соработник со специјализација е со шифра ЗДР 03 01 Д01 001 и е под реден број 2428 во шифрарникот и се води како давател на јавни услуги во здравство. Доколку лице кое е на оваа работна позиција е дел од акцискиот тим дали трошоците за неговиот/нејзиниот ангажман се прифатливи?

    Според дел 2.3. Подобност на трошоци: трошоците што може да се вклучат во Упатството за апликанти под Неприфатливи трошоци се наведени „Хонорари за активисти и надоместок за вработените во јавната администрација“. Според тоа, ако лицето е веќе вработено и платено директно од буџетот на централната, регионалната или локалната власт, тогаш не може да се плаќаат како проектни експерти или како дел на проектниот тим.

    11. Во реализацијата на планираниот проект предвидуваме набавка на Брајово писмо (брајово писмо за слепи лица), но самиот печатач чини околу 4200 евра плус трошоци за транспорт, царина, ДДВ и шпедиција. Дали целата оваа цена може да биде прифатлива според овој повик за директна поддршка?

    12. Дали на повикот може да се пријават сојузи/мрежи на граѓански организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации?

    13. Дали банкарските провизии се прифатливи трошоци доколку се директно поврзани со трошоците за акција?

    ДА, доколку има. Ова може да биде случај само со плаќањата направени на организацијата за надомест на акциониот тим и трошоците за комуникација.

    14. Дали може да се буџетира и побара повеќе од еден тематски експерт ако се добро оправдани?

    Според Дел 2.3. Подобност на трошоци: трошоци кои можат да бидат вклучени во Упатството за апликантите, прифатливи трошоци се трошоците за максимум еден тематски експерт (со исклучок на правни прашања).

    15. Дали имањето партнер во апликацијата ги зголемува шансите за добивање на директна поддршка на МГО?

    Според овој повик за директна поддршка, не е задолжително да имате партнер. Имањето или немањето на партнер не се оценува од страна на оценувачите.

    16. Која е процедурата за имплементација за оваа директна поддршка?

    Постапката за имплементација е објаснета во Упатствата за имплементација достапни на веб-страницата www.eu4cr.mk

    17. Дали директната поддршката треба да биде регистрирана за ослободување од ДДВ?

    НЕ, оваа директна поддршка не мора да биде регистрирана за ослободување од ДДВ бидејќи сите плаќања ќе бидат извршени директно од тимот на МГО.

    18. Во случај листата на добавувачи обезбедени од тимот на МГО да не нуди добавувачи што ги обезбедуваат потребните услуги, каква е процедурата? Што ако листата на добавувачи нема локална покриеност на услуги?

    Организацијата прибира три понуди или прави истражување на пазарот и ја испраќа целосната документација до тимот на МГО за одобрување на предложениот добавувач.

    19. Кога е очекуваниот датум за почеток за спроведување на акцијата? Имајќи предвид дека во апликацијата мора да се наведе број на месеци за спроведување на акцијата, колку е максималното времетраење на акциите во број на месеци?

    Се очекува акциите на МГО да започнат со имплементација во јануари 2023 година, со што максималното времетраење на предложената акција е осум месеци.

    20. Имајќи предвид дека организациите можат да бидат мали и без никаков буџет, дали е можно да се исплатат аванси на организациите за покривање на трошоците за надоместокот на акцискиот тим?

    Не се планирани авансни плаќања. Договорниот орган ќе го префрли износот потребен за покривање на трошоците за проектнит тим на месечна основа во согласност со фактура која ги одразува трошоците на персоналот за претходниот месец.

    Можете да пристапите до линијата за поддршка преку телефон, по е-пошта или состаноци лице в лице. Ве молиме не заборавајте да закажете состанок по Е-маил или телефон доколку ви треба средба лице в лице.

    Е-маил: crm-helpdesk@eu4cr.mk

    Телефонски број: + 389 (0) 76 202 739

    Прашањата до тимот на МГО – линија за поддршка обично се одговараат за еден работен ден, а најдоцна во рок од три работни дена. Пред да се консултирате со тимот на МГО – линијата за поддршка, ви препорачуваме да го прегледате делот ЧПП, Упатството за спроведување, како и други релевантни водичи, материјали за видливост и информации на нашата веб-локација.

    МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКА ОТПОРНОСТ НА ЕУ

    ВОВЕД

    КОЈ МОЖЕ ДА БАРА ПОДДРШКА?

    Поддршката е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија, со последен годишен приход од максимум
    50,000 евра.

    КОИ АКЦИИ СЕ ПОДДРЖАНИ?

    Секоја акција што треба да се поддржи преку Механизмот за граѓанска отпорност мора да биде заснована на права и да биде од јавен интерес. Акциите засновани на права се спроведуваат според „пристапот заснован на права“, ставајќи ги универзалните вредности, стандарди и норми за човековите права во центарот на акцијата. Овој пристап ги опфаќа основните, човековите права, економските, социјалните и културните права, вклучувајќи ги правата на животните и животната средина. Активност од јавен интерес е активност која е општествено корисна. Во членот 74 од Законот за здруженија и фондации се наведени активности/дејности од јавен интерес.

    Предложената акција мора јасно да се однесува на најмалку една од петте цели/лотови наведени подолу за да може апликантот да се смета за подобен. Иако предложената акција може да се однесува на прашања од повеќе од една цел, таа мора јасно да припаѓа на една од целите/лотовите наведени подолу.

    Цел/Лот 1: Овозможување на ГО да креираат и имплементираат закони и политики, како и да ги зајакнат улогите на застапување и надзор.

    Цел/Лот 2: Зајакнување на ГО за подобрување на секторското вмрежување, дијалогот и соработката со јавните институции (централни и локални) и бизнис заедницата.

    Цел/Лот 3: Поддршка на ГО во промовирање и унапредување на демократијата и човековите права со акции засновани на права.

    Цел/Лот 4: Подобрување на видливоста на работата на ГО и зајакнување на нивната комуникација со нивните конституенти и секторските чинители.

    Цел/Лот 5: Поттикнување на вмрежување и размена на добри практики меѓу ГО во земјата и со ГО од земјите на ИПА/ЕУ (создавање граѓански иницијативи и платформи и/или учество во европски чадор-организации за структурна соработка).

    Локација
    Акциите мора да се спроведуваат на територијата на Република Северна Македонија.

    ПОДДРЖАНИ АКТИВНОСТИ И ПОДОБНИ ТРОШОЦИ

    Во Насоките за апликантите ќе најдете листа на индикативни активности (која не е исцрпна) како и детали за подобните трошоци за акцијата.

    За повеќе информации одете ОВДЕ.

    ФИНАНСИСКА АЛОКАЦИЈА

    Вкупната индикативна сума достапна за овој повик за директна поддршка изнесува 900.000 евра.

    Во првиот круг на аплицирање ќе биде доделена директна поддршка во износ до 600.000 евра.

    Висина на директната поддршка
    Секоја поддршка побарана врз основа на овој повик за директна поддршка мора да биде еднаква или помала од 20.000 евра.

    Сите трошоци за подобните активности во рамките на избраните апликации ќе бидат покриени 100%.

    ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКЦИЈАТА

    Минимално времетраење на акцијата: 3 (три) месеци.

    Максимално времетрање на акцијата: до 31 август 2023.

    ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ

    КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

    За да аплицирате за овој повик за директна поддршка, треба да го пополните формуларот за апликација, вклучувајќи го буџетот со негово образложение.

    Вие мора да аплицирате на англиски јазик.

    Формуларот за апликација мора да се поднесе онлајн преку веб-страницата по пополнување на општиот онлајн формулар.

    По поднесување на онлајн формуларот за апликација, ќе добиете автоматска потврда за прием.

    Ве молиме имајте предвид дека некомплетните формулари за апликација можат да бидат одбиени. На апликантите им се советува да проверат дали нивниот формулар за апликација е пополнет со користење на списокот за проверка за формулари за апликации.

    Ви препорачуваме да ги проверите документите и процедурите за имплементација пред да побараат поддршка за да бидат соодветно информирани за барањата на апликацијата.

    КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ФОРМУЛАРИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

    Рокот за аплицирање на овој повик за директна поддршка е:

    • 15 ноември 2022 година во 17:00 часот (локално време)

    ДОКУМЕНТИ НА МЕХАНИЗМОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОТПОРНОСТ

    НАСОКИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ (преземи овде)

    ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОПОЛНАТ
    Анекс А: Формулар за апликација (преземи овде)
    – A.1 – Индикативен акциски план за спроведување на акцијата
    – А.2 – Тематски полиња
    – A.3 – Список за проверка
    Анекс Б: Буџет (преземи овде)

    ИНФОРМАТИВНИ ДОКУМЕНТИ
    Анекс В: Насоки за имплементација (преземи овде)
    Анекс Г: Табела за оценување (преземи овде)

    АПЛИЦИРАЈ ОВДЕ

    ЕВАЛУАЦИЈА И ИЗБОР НА АПЛИКАЦИИ

    Апликациите ќе ги разгледува и оценува договорниот орган со помош на оценувачи. Сите апликации ќе бидат оценувани според следните чекори и критериуми:

    • Доколку при разгледувањето на апликацијата се утврди дека предложената акција не ги исполнува критериумите за подобност наведени во табелата за оценување, апликацијата ќе биде отфрлена само врз оваа основа.
    • Врз основа на критериумите за усогласеност од табелата за оценување, акцијата ќе добие или нема да добие препорака за поддршка.

    Проверката на подобност ќе се врши врз основа на придружните документи што ги бара договорниот орган. Се разбира дека ќе се проверуваат само апликациите кои биле начелно избрани според нивната оценка и во рамките на расположливиот буџет за овој повик за директна поддршка. Ќе се бараат копии од следниве придружни документи:

    • Статутот или основачкиот акт на апликантот;
    • Тековната состојба на апликантот издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
    • Последната завршна сметка на апликантот.

    Во случај потенцијалниот апликант да не добие препорака за поддршка, апликантот ќе добие препораки за подобрување на формуларот за апликација и може да избере да го подобри и повторно да го поднесе во вториот круг за аплицирање.

    ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

    Тимот на МГО организира низа информативни сесии за да обезбеди насоки за пополнување на барањето за поддршка и да одговори на прашања. Следете не на Фејсбук за да се информирате за следната информативна сесија и да го пријавите вашето учество.

    За повеќе информации, ве молиме контактирајте го тимот на МГО на +389 (0) 76 202 739, од 10:00 до 15:00 часот (понеделник – петок).

    Тимот на МГО е посветен да ви одговори навремено.

      ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ

      Прилагодена поддршка преку градење капацитети ќе биде обезбедена за локалните организации. Врз основа на потребите за градење капацитети идентификувани за време на спроведувањето на Механизмот за граѓанска отпорност, ќе биде развиен план за обуки за ГО, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

      ЛИНИЈА ЗА ПОДДРШКА

      Ве покануваме да ги прочитате темелно документите за МГО пред да го подготвите вашето барање за поддршка. Доколку имате прашања, можете да пишете на нашата линија за поддршка: crm-helpdesk@eu4cr.mk

      Сите прашања со одговори ќе бидат објавени под Често поставувани прашања.

      ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА