Покана за консултации за приоритетите на Повикот за доставување предлози „Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“ во рамки на Програмата Механизам на ЕУ за граѓанска отпорност
Механизмот на ЕУ за граѓанска отпорност (EU CRM) – Фаза II: Поддршка на граѓанското општество и граѓанските иницијативи е проект финансиран од Европската унија, кој обезбедува директна поддршка на мали граѓански организации и граѓански иницијативи низ целата Северна Македонија. Проектот им помага на граѓанските организации да создадат значајна промена во своите заедници, особено на оние што работат надвор од поголемите градови и им служат на луѓето кои честопати се оставени на маргините. Водејќи се од основните вредности на Европската унија, EU CRM обезбедува практична, непосредна поддршка на организациите на кои таа најмногу ѝм е потребна.
Првиот повик на EU CRM за доставување предлози за директна поддршка, „Поддршка на младите за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион“, се затвора на 16 ноември 2026 година. Вториот повик на EU CRM за доставување предлози, „Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“, се планира да биде објавен во средината на декември 2026 година.
За таа цел, EU CRM започна серија консултации со граѓанските организации за заеднички да се утврдат приоритетите на овој повик. Процесот на консултации се заснова на пет нацрт-приоритети, подготвени врз основа на научените лекции од Фаза I на EU CRM (линк до Фаза I) и анализата на актуелните потреби во земјата.
За да се обезбеди широко учество на граѓанските организации од целата земја, процесот на консултации ќе комбинира три консултативни средби, една во живо, во Ресурсниот центар за граѓанско општество (РЦГО) во Скопје, и две онлајн, со национален онлајн прашалник. Сите три средби се организираат во соработка со РЦГО.
Граѓанските организации се поканети да придонесат во обликувањето на приоритетите на повикот со учество на консултативните средби и со пополнување на онлајн прашалникот.
Љубезно ве покануваме да учествувате на една од следните консултативни средби:
- Скопје, 24 ноември 2026 година (11:00–13:00 часот), во живо, во Ресурсниот центар за граѓанско општество: пријавете се на crm-helpdesk@eu4cr.mk најдоцна еден ден пред средбата. Може да присуствуваат најмногу двајца претставници по организација. Доколку ви е потребна поддршка за да учествувате, на пример поради потреби за пристапност, ве молиме известете нè при пријавувањето.
- Онлајн, 27 ноември 2026 година (11:00–13:00 часот): пријавете се на https://us02web.zoom.us/meeting/register/uZH0iQAjRBGXrX3UpBe_tQ
- Онлајн, 1 декември 2026 година (11:00–13:00 часот): пријавете се на https://us02web.zoom.us/meeting/register/msPVtQq_RzOxQL-po3weqQ
По пријавувањето за онлајн средба, ќе добиете е-порака за потврда со деталите за приклучување.
Дополнително, љубезно ве покануваме да го пополните и онлајн прашалникот во периодот од 16 ноември до 2 декември 2026 година, до 17:00 часот, на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf0e3McAdpu4MWbWCwFSOxY89fK-ifM0GzRoNouymT_6jGXQQ/viewform. Пополнувањето трае околу 10 минути.
Сакаме да слушнеме колку се важни петте нацрт-приоритети за вашата заедница, кои активности ги сметате за најважни во рамки на секој приоритет и дали постојат дополнителни потреби или области на кои треба да се посвети внимание.
Ве молиме, доставете само еден одговор по организација. Учеството во процесот на консултации нема да влијае врз прифатливоста или оценувањето на вашата организација во рамки на повикот.
За сите прашања, ве молиме контактирајте го Хелпдескот на EU CRM на crm-helpdesk@eu4cr.mk.
Однапред ви благодариме за вашиот драгоцен придонес.

