Apply in 123 simple steps
Нашите вредности

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Човековите права се заштитени со Повелбата за основните права на Европската унија. Тие ја вклучуваат слободата од дискриминација, заштитата на личните податоци и пристапот до правдата. Секој граѓанин има еднакво право на овие права.

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ЕУ се темели на владеењето на правото. Сè што прави се засновува на договори доброволно и демократски усогласени од нејзините земји членки. Правото и правдата ги штити независно судство, при што Судот на правдата на ЕУ е конечен авторитет – неговите пресуди се задолжителни за сите земји членки.

ЕДНАКВОСТ

Еднаквоста обезбедува сите граѓани да бидат третирани еднакво пред законот. Таа ја вклучува родовата еднаквост и еднаквите можности во секоја сфера на животот. Овој принцип ја води европската интеграција уште од Римскиот договор.

ДЕМОКРАТИЈА

ЕУ е изградена врз претставничка демократија. Граѓаните имаат право да гласаат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент, без разлика дали тоа е во нивната земја на потекло или живеење. Политичкото учество е камен-темелник на европското граѓанство.

СЛОБОДА

Слободата ги опфаќа правото на движење, живеење и работа низ целата Унија. Таа исто така ги штити личните слободи, како приватноста, верувањето, собирањето и изразувањето. Овие слободи се гарантирани со Повелбата за основните права на Европската унија.

ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО

Човечкото достоинство е темелот на европското општество. Тоа е неповредливо и мора секогаш да биде почитувано и заштитено. Сите основни права произлегуваат од овој принцип.

Повик за предлози: Поддршка на младите луѓе за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион*

Проектот финансиран од Европската унија „ЕУ Механизам за граѓанска отпорност – Фаза II: Поддршка за граѓански и грасрут организации“ објавува нов Повик за предлози за директна поддршка за граѓански организации „Поддршка на младите луѓе за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион*“. Повикот е финансиран од Европската унија во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024-2025 за Република Северна Македонија 2024–2025.

Овој повик е посветен на младите луѓе од Кочанскиот регион* и на заедницата на која ѝ припаѓаат. Тој поддржува акции што им помагаат да стекнат дигитални и претприемачки вештини и вештини за вештачка интелигенција, да најдат работа и да ги развијат сопствените идеи. Кога растат младите, со нив расте и целата заедница.

За да допре до нив, повикот е наменет на локалните граѓански организации, кои можат да се поврзат со младите кои не се опфатени со формалното образование и службите за вработување. Со повикот се покануваат овие организации да осмислат и да спроведат акции за и со младите.

Приоритети на повикот

Секој апликант мора да избере еден од следниве два приоритети и јасно да го наведе својот избор во апликацијата:

  • Дигитални вештини, писменост за вештачка интелигенција и економско зајакнување на младите: помош на младите да стекнат дигитални компетенции и компетенции за вештачка интелигенција, кои можат да ги користат за работа, понатамошно учење или за работа како слободни професионалци и даватели на онлајн услуги.
  • Младинско претприемништво и социјално претприемништво: помош на младите да развијат претприемачки вештини и да создадат претпријатија предводени од млади и мали стартапи, што носат економска и социјална вредност за нивната заедница.

Достапна поддршка

Вкупниот буџет на повикот изнесува 300.000 евра. Секоја избрана акција ќе добие директна поддршка во износ од 10.000 до 15.000 евра во период од 10 месеци, при што сите прифатливи трошоци ќе бидат покриени во целост. Не е потребно кофинансирање. Проектот директно им плаќа на давателите на услуги за стоките и услугите што ѝ се потребни на акцијата. Единственото плаќање кон организацијата е надоместокот за тимот за спроведување на акцијата.

Кој може да аплицира

Повикот е отворен за непрофитни, невладини граѓански организации основани според Законот за здруженија и фондации. Организациите мора да бидат регистрирани и да дејствуваат во Кочанскиот регион* најмалку три месеци пред објавувањето на повикот и да имаат годишен приход под 50.000 евра** во последната затворена финансиска година. Право да аплицираат имаат и организациите без претходна финансиска активност.

Информативни сесии
Ги повикуваме заинтересираните организации да присуствуваат на една од нашите три информативни сесии, кои започнуваат во 11:00 часот (локално време):

  • 15 октомври 2026 година во Кочани (местото ќе биде потврдено)
  • 27 октомври 2026 година, онлајн
  • 6 ноември 2026 година, онлајн

За да присуствувате на информативните сесии, Ве молиме испратете е-порака на crm-helpdesk@eu4cr.mk до 9 октомври 2026 година во 17:00 часот (локално време). Ве молиме наведете го името на Вашата организација, како и имињата и адресите на е-пошта на најмногу двајца учесници.

Прашања
Прашањата можете да ги испратите на crm-helpdesk@eu4cr.mk до 6 ноември 2026 година во 17:00 часот (локално време). Сите прашања и одговори се објавуваат на www.eu4cr.mk во делот „Често поставувани прашања“.

Како да аплицирате
Апликациите мора да се поднесат на англиски јазик. Ве молиме поднесете ги Формуларот за апликација (Анекс А), Буџетот (Анекс Б) и придружните документи преку www.eu4cr.mk.

Рокот за поднесување апликации е 16 ноември 2026 година во 17:00 часот (локално време).

Документи за повикот
Насоки за апликантите, Анекс А – Формулар за апликација и Анекс Б – Буџет може да се преземат од www.eu4cr.mk.

Со задоволство ги очекуваме Вашите предлози.

* За целите на овој повик, Кочанскиот регион ги опфаќа општините Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

** Донациите за итна помош (на пр. по пожарот) се исклучуваат од годишниот приход доколку се приложи доказ.