Нoвости
20 Мар

Дискусија со засегнатите страни за Даночниот третман на ГО, моменталната состојба и предлози за нејзино подобрување

20 март 2023

Околу четириесет претставници на граѓански организации и експерти учествуваа на средбата за консултации со ГО за даночниот третман на ГО која се организираше на 28 февруари 2023 година. Целта на средбата беше да се придонесе кон подобрување на даночната рамка за ГО како клучен елемент во средината каде што работат. Ова беше во согласност со координираните напори за подобрување на целокупната рамка за ГО, имајќи ги предвид тековните законодавни процеси, посебно ревизиите на Законот за здруженија и фондации, Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и нацрт-законот за социјални претпријатија. Во текот на консултативната средба, учесниците имаа можност да се информираат во врска со постојната даночна рамка во земјите од Европската унија и во Република Северна Македонија; да ги разгледаат потребите и предизвиците со кои се соочуваат со тековната даночна рамка; и да предложат потенцијални подобрувања во даночното законодавство. Средбата се фокусираше на три клучни даночни политики: оданочувањето на приходите, данок на додадена вредност и оданочувањето на филантропските давања.

Учесниците се согласија дека даночната рамка за ГО треба да ги одразува спецификите на непрофитниот сектор како различен од деловните субјекти, да ја препознава улогата на ГО за постигнување на поширок јавен интерес и да обезбеди даночни бенефиции за филантропските донатори на ГО. Во овој контекст, заклучоците ја подвлекуваат потребата за флексибилни даночни решенија за ГО, имајќи ја предвид нивната разноликост и големина, даночните олеснувања за малите и локалните ГО и едноставните процедури за даночни бенефиции за друштва и поединци што донираат на ГО.

Ве молиме погледнете ја врската за извештајот и презентацијата.