Г-ѓа Зинта Миезаине има над 20 години работно искуство во различни аспекти од развојот на граѓанското општество, вклучително и големо професионално искуство во меѓународен контекст.
Зинта има значително искуство работејќи во чувствителни политички средини и со партнери кои имаат конфликтни интереси. Нејзиното работно искуство подразбира дејствување во различни мултикултурни тимови, обезбедувајќи непречено спроведување на проекти кои претставуваат вистински предизвик, како што се градење капацитети за граѓанските организации и локалните самоуправи во Молдавија и регионот Придњестровје и развој на капацитетите на невладините организации во застапувањето политики пред Парламентот и централната влада во Молдавија. Зинта го предводела процесот на воведување на механизми за учество на јавноста во Латвија, Молдавија и Ерменија. Таа го водеше изготвувањето и донесувањето на законите за здруженија и фондации и јавен интерес во Латвија. Зинта, исто така, има развиено и спроведено програми за обука за ГО, обвинителството, судиите на Врховниот суд и парламентарната комисија за правото на ЕУ во Латвија, која работи во рамки на Правниот факултет во Рига. Овие проекти бараа силни интерперсонални вештини и способност за управување со сложени групи на засегнати страни, како што се различни граѓански организации, локални и централни власти, судство, законодавци, меѓународни донаторски организации, делегации на ЕУ, амбасади и други.
Силната страна на Зинта е нејзиниот стратешки и аналитички пристап. Таа е автор на извештаите на Независниот механизам за известување за Латвија (2012 – 2020 година), кои ги анализираат меѓусебните односи на владата и граѓанското општество, како и други извештаи за анализа на политиките за прашања поврзани со граѓанското општество.
Г-ѓа Миезаине е магистер по меѓународни односи на Институтот во Будимпешта за додипломски меѓународни и дипломатски студии (BIGIS). Течно зборува латвиски, англиски и руски јазик.
miezaine@cpmconsulting.eu