Нoвости
18 Jun

Советот за соработка на Владата со граѓанското општество усвои комуникациска стратегија

18 June 2026

Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, на својата 12-та седница, одржана во Скопје на 16 јуни 2026 година, ја усвои Стратегијата за комуникација на Советот.

Оваа значајна одлука на Советот следеше по работилница одржана во Скопје на 15 и 16 јуни 2026 година, посветена на финализирање на Стратегијата за комуникација на Советот и придружниот Акциски план за 2026 година. Акцискиот план треба да биде финализиран и усвоен на следните седници.

Работилницата беше организирана во соработка со проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија “, кој од самиот почеток му обезбедува на Советот техничка и експертска поддршка.

Стратегијата предвидува поголема координација и подобрена внатрешна комуникација меѓу членовите на Советот, како и комуникација и интеракција на Советот со организациите на граѓанското општество (ГО) и државната администрација на сите нивоа.

Друг голем напредок, како резултат на усвојувањето на новиот Деловник за работа на седницата одржана на 28 октомври 2025 година, беше формирањето, а сега и екипирањето на Постојаната работна група за комуникации и Постојаната работна група за соработка со организациите на граѓанското општество што дејствуваат на локално ниво.

Клучните елементи на овој пристап се да се обезбеди поблиска и поефикасна комуникација помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, нивно партнерство и зголемена вклученост на ГО во работата на Советот. Целта е и да се прошири базата на ГО заинтересирани за работата на Советот и подготвени да соработуваат со Советот, како и да се поттикнат ГО да поведуваат иницијативи со членовите на Советот во врска со политиките и можните измени на постојното законодавство или идните законодавни активности.

Друг важен елемент на Стратегијата е промовирањето на работата, активностите и одлуките на Советот пред јавноста во Северна Македонија, како и подигнувањето на свеста за значајните можности и потребата од посилно вклучување на граѓаните во политиките важни за нивните животи.

Советот, составен од 14 членови од граѓанскиот сектор и 13 членови од државната администрација, заедно со нивните заменици, беше именуван со Одлука на Владата на Република Северна Македонија на 18 март 2025 година. Советот е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество. За свој претседател Советот ја избра г-а Никица Кусиникова, членка од граѓанскиот сектор.

Конститутивната седница на Советот се одржа на 7 април 2025 година, со што се стави крај на тригодишниот прекин во работата на ова советодавно тело. Откако го обнови своето дејствување и соработката помеѓу Владата и граѓанското општество, во 2025 година Советот одржа 12 седници на кои се разгледувани актуелни прашања и јавни политики важни за граѓанското општество.

Материјалите, точките на дневниот ред и записниците од седниците на Советот се објавени на следната веб-страница.