Нoвости
10 Авг

Повик за експерт- IPA/2019/413-168 “ТП за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија”

10 август 2023

Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија” бара искусни експерти за конкретни задачи за поддршка на спроведувањето на проектот. Целта на проектот е да ја поддржи Владата во унапредувањето на овозможувачката средина за граѓанското општество, а во исто време да обезбеди поддршка на малите и основните („грасрут“) организации во градењето на капацитетите и развојот на нивната одржлива оперативна способност.

Проектот го спроведува конзорциум предводен од Corporate & Public Management Consulting International (CPM) преку две компоненти: Компонента 1) Поддршка на спроведувањето на главните цели од Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општество (2018-2020) – Приоритет I, и Компонента 2) реализација на директна непарична поддршка преку Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) прилагодена на потребите на граѓанското општество во Република Северна Македонија. Програмата МГО обезбедува флексибилна, транспарентна и пристапна директна поддршка на работата заснована врз права и за јавно добро што ја вршат граѓанските организации.

Повеќе детали на линкот. Краен рок за аплицирање: 17 август 2023 година.