Задоволство ни е да информираме дека Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ, кој претставува директна поддршка за иницијативи на граѓанското општество, почна да функционира во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија. Вкупната индикативна сума достапна за овој повик за директна поддршка изнесува 900.000 евра.
Главната цел на повикот е да придонесе кон подобрување на околината и капацитетите на граѓанското општество за ефикасно решавање на клучните реформски приоритети во нивните заедници заради понатамошна демократизација на општеството. Оваа директна поддршка ќе им овозможи на локалните граѓански организации ширум земјата да преземат активности за зајакнување на отпорноста на граѓаните при чести општествени промени. Поддршката од МГО ќе послужи и за информирање на граѓаните за пристапувањето во ЕУ и за поврзаните секторски реформи во земјата и влијанието врз секојдневниот живот на граѓаните.
Целите на овој повик за предлози се:
Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, со годишен приход до 50.000 евра во претходната година. Максималниот износ по одобрен предлог е 20.000 ЕУР.
Повеќе информации за Механизмот за граѓанска отпорност можете да прочитате OВДЕ.
Аплицирајте ОВДЕ.
Краен рок за аплицирање: 15 ноември 2022 година во 17:00 часот (по локално време).
ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ
Информативните сесии за повикот за МГО ќе се организираат низ целата земја во октомври 2022 година. Распоредот ќе биде дополнително објавен, затоа ве молиме редовно проверувајте ја веб-страницата на проектот (www.eu4cr.mk).