Нoвости
19 Јан

Делегацијата на Европската Унија ги презентира резултатите од 49 иницијативи на граѓанското општество спроведени во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ

19 јануари 2024

Во среда, 17 јануари 2024 година, во Салата на Филхармонијата на Северна Македонија, шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија го отворија Саемот за граѓанско општество за презентација на резултатите од 49 успешни иницијативи спроведени во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (ЕУ МГО). Потоа следеше презентација на резултатите од овој механизам за поддршка на ЕУ во форма на дигитална изложба и преку информативни материјали.

EU MГО обезбедува поддршка за малите граѓански и локални организации со цел да се спроведат акции во корист на локалните заедници низ целата земја и да се зајакне отпорноста на граѓаните при чести општествени промени. Во рамките на МГО поддршката, ЕУ додели 0,9 милиони евра за поддршка на 49 иницијативи на граѓанското општество спроведени во текот на 2023/2024 година. Поддршката им овозможи на доделените граѓански организации да преземат ефективни активности за навремено да одговорат на итните потреби во нивните заедници и да ја зајакнат отпорноста на граѓаните. Тие, исто така, ги информираа граѓаните за придобивките од процесот на пристапување во ЕУ и поврзаните секторски реформи во секојдневниот живот на граѓаните.

Овие граѓански иницијативи служат како катализатори за трансформација, кои влијаат на локалните политики и промовираат прашања како што се човековите права, родовата еднаквост, зајакнувањето на младите, културната и еколошката свест и заштита, социо-економскиот раст и создавањето работни места. Иницијативите придонесоа за поинклузивно, праведно и зајакнето општество, позитивно влијаејќи на животот на локалните заедници.

Поддршката на ЕУ МГО се спроведува во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“(https://eu4cr.mk/)

За повеќе информации околу ЕУ МГО преземете ја Книгата на проектот со детали од 49 иницијативи на граѓанското општество.

Download the Project Book