Граѓанското општество ја поставува агендата: првата консултација за националниот Повик на ЕУ Механизмот за граѓанска отпорност (ЕУ МГО) се одржа во Скопје
На 24 ноември 2026 година, ЕУ Механизмот за граѓанска отпорност – Фаза II ја одржа првата консултативна средба со граѓанските организации од Северна Македонија за претстојниот Повик за предлози на ЕУ МГО „Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“. Средбата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, кој ги стави на располагање своите простории за настанот. Наместо да претстави конечен Повик, проектот изнесе пет нацрт-приоритети и побара од организациите да ги проценат во однос на реалноста во нивните заедници.

Проектниот тим ја објасни целта на Повикот и начинот на кој директната поддршка функционира во пракса, по што следуваше преглед на петте нацрт-приоритети, кои се засноваат на научените лекции од Фаза I и на анализата на актуелните потреби во земјата.
Средбата се фокусираше на дискусии за секој од приоритетите:
1. Демократија и владеење на правото / Борба против корупцијата;
2. Човекови права, еднаквост и недискриминација;
3. Зајакнување на младите и вклученост на заедницата;
4. Зелена и дигитална транзиција;
5. Социјална инклузија и социјална економија.
За секој од приоритетите, учесниците ги разгледаа истите три прашања: што значи приоритетот за локалните заедници, кои активности би донеле најголема промена и кој треба да има корист од нив. Отворената дискусија на крајот од средбата им овозможи на организациите да предложат приоритети и активности надвор од петте нацрти.

Средбата во Скопје е првиот чекор во еден поширок процес. Ќе следуваат две онлајн консултативни средби, на 27 ноември и на 1 декември 2026 год. – линковите за пријавување можете да ги најдете овде. Организациите што не можат да присуствуваат можат да ги споделат своите ставови преку онлајн прашалникот, отворен до 2 декември 2026 год,, до 17:00 часот, на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf0e3McAdpu4MWbWCwFSOxY89fK-ifM0GzRoNouymT_6jGXQQ/viewform
Сите добиени коментари и сугестии ќе бидат вградени во конечните приоритети на Повикот, чие објавување се очекува во средината на декември 2026 година.
Прашањата можат да се упатат на
crm-helpdesk@eu4cr.mk.

