Нашите вредности
ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Човековите права се заштитени со Повелбата за основните права на Европската унија. Тие ја вклучуваат слободата од дискриминација, заштитата на личните податоци и пристапот до правдата. Секој граѓанин има еднакво право на овие права.
ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО
ЕУ се темели на владеењето на правото. Сè што прави се засновува на договори доброволно и демократски усогласени од нејзините земји членки. Правото и правдата ги штити независно судство, при што Судот на правдата на ЕУ е конечен авторитет – неговите пресуди се задолжителни за сите земји членки.
ЕДНАКВОСТ
Еднаквоста обезбедува сите граѓани да бидат третирани еднакво пред законот. Таа ја вклучува родовата еднаквост и еднаквите можности во секоја сфера на животот. Овој принцип ја води европската интеграција уште од Римскиот договор.
ДЕМОКРАТИЈА
ЕУ е изградена врз претставничка демократија. Граѓаните имаат право да гласаат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент, без разлика дали тоа е во нивната земја на потекло или живеење. Политичкото учество е камен-темелник на европското граѓанство.
СЛОБОДА
Слободата ги опфаќа правото на движење, живеење и работа низ целата Унија. Таа исто така ги штити личните слободи, како приватноста, верувањето, собирањето и изразувањето. Овие слободи се гарантирани со Повелбата за основните права на Европската унија.
ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО
Човечкото достоинство е темелот на европското општество. Тоа е неповредливо и мора секогаш да биде почитувано и заштитено. Сите основни права произлегуваат од овој принцип.
Може да учествуваат и волонтери од други делови на земјата. Нивните трошоци за храна и превоз за одредена активност се покриваат на ист начин како и трошоците на другите учесници во таа активност. Волонтерите не добиваат никаков друг надоместок. Насоки за апликантите: дел 2.3 (Трошоци за волонтери); Анекс Б – Буџет, Опис на прифатливите трошоци, […]
Експертите, обучувачите и менторите се внесуваат во категоријата 4 (Други трошоци и услуги), ставка 4.1 од Буџетот. Тие не се дел од надоместокот за тимот на акцијата (ставка 1.1) и не се засметуваат во неговата горна граница од 20%. Договорниот орган директно склучува договор со нив и директно ги плаќа. Насоки за апликантите: дел 2.3 […]
Да, под услов изработката на прототипови да биде активност за учење во рамките на акцијата. Материјалите за прототипови може да се покријат кога прототипот се изработува во рамките на активности како што се лабораторија за дизајн-размислување или за иновации, хакатон или предизвик за деловни иновации и кога служи за тестирање и презентирање на идејата. Ваквите […]
Да, можете да го наведете тоа во Формуларот за апликација, но не го приложувајте договорот, бидејќи се оценуваат само Формуларот за апликација и Буџетот. Компанијата може да се наведе во Формуларот за апликација како соработник, односно организација што има вистинска улога во проектот, но не добива директна поддршка за сопствените трошоци, освен за трошоците за […]
Да, училиштата можат да бидат соработници. Соработник е организација или поединец што има вистинска улога во проектот, но не добива директна поддршка за сопствените трошоци, освен за трошоците за патување и престој непосредно поврзани со активностите на акцијата. Соработниците мора да бидат опишани во Анекс А – Формулар за апликација. Училиштето може, на пример, да […]
Превозот може да се буџетира само кога е непосредно поврзан со проектна активност, на пример патувањето на учесниците до работилница во Зрновци или на обучувач до обука во Виница. Патувањата за општото функционирање на проектот, како што се патувањата на координаторот до состаноци или за прибирање понуди, не може да се покријат. Трошоците за превоз […]
Не. Патувањата за општото функционирање на проектот не може да се покријат. Такви се, на пример, патувањата за состаноци, за прибирање понуди од добавувачи или за административни задачи. Ставката за локални патувања ги опфаќа само патувањата непосредно поврзани со проектна активност. Патувањето на координаторот до одредена активност, на пример до работилница во Зрновци, може да […]
Во листот „Образложение“ (Justification) од Буџетот (Анекс Б). Листот „Буџет“ (Budget) го прикажува само трошокот за секоја ставка: единица, број на единици и единечна цена. Во листот „Образложение“ се објаснува секоја ставка: за која активност од Формуларот за апликација е наменет трошокот; зошто е потребен; како е проценет износот, на пример врз основа на понуди, […]
Активностите може да се одржуваат за време на викенд кога тоа им го олеснува учеството на младите, на пример на учениците што одат на училиште во текот на неделата.. Активностите не може да се одржуваат на државни празници. Времето на одржување на активностите треба да биде прикажано во планот за работа и образложено во Формуларот […]
Хонорарите се буџетираат во бруто износ. Сите хонорари во Буџетот се бруто износи, кои ги вклучуваат персоналниот данок на доход и евентуалните придонеси. Ова се однесува на координаторот и асистентот (надоместок за тимот на акцијата), како и на експертите и обучувачите. Стоките и услугите се буџетираат без ДДВ. Проектот е ослободен од ДДВ за поддршката […]