Нашите вредности
ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Човековите права се заштитени со Повелбата за основните права на Европската унија. Тие ја вклучуваат слободата од дискриминација, заштитата на личните податоци и пристапот до правдата. Секој граѓанин има еднакво право на овие права.
ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО
ЕУ се темели на владеењето на правото. Сè што прави се засновува на договори доброволно и демократски усогласени од нејзините земји членки. Правото и правдата ги штити независно судство, при што Судот на правдата на ЕУ е конечен авторитет – неговите пресуди се задолжителни за сите земји членки.
ЕДНАКВОСТ
Еднаквоста обезбедува сите граѓани да бидат третирани еднакво пред законот. Таа ја вклучува родовата еднаквост и еднаквите можности во секоја сфера на животот. Овој принцип ја води европската интеграција уште од Римскиот договор.
ДЕМОКРАТИЈА
ЕУ е изградена врз претставничка демократија. Граѓаните имаат право да гласаат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент, без разлика дали тоа е во нивната земја на потекло или живеење. Политичкото учество е камен-темелник на европското граѓанство.
СЛОБОДА
Слободата ги опфаќа правото на движење, живеење и работа низ целата Унија. Таа исто така ги штити личните слободи, како приватноста, верувањето, собирањето и изразувањето. Овие слободи се гарантирани со Повелбата за основните права на Европската унија.
ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО
Човечкото достоинство е темелот на европското општество. Тоа е неповредливо и мора секогаш да биде почитувано и заштитено. Сите основни права произлегуваат од овој принцип.
Информативни денови
04.11.2026
Онлајн информативна сесија за “Поддршка на младите за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион”
Онлајн информативната сесија за Повикот на ЕУ “Поддршка на младите за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион” се одржа на 27 октомври 2026 година. На сесијата беа претставени критериумите за подобност, двата приоритети на Повикот, моделот на директна поддршка, правилата за прифатливи трошоци и апликацискиот пакет. На крајот беше направена практична демонстрација за тоа како се пополнуваат Формуларот за апликација и Образецот за буџет.
Рокот за аплицирање е 16 ноември 2026 година, до 17:00 часот.
Повикот се спроведува во рамките на проектот “ЕУ Механизам за граѓанска отпорност – Фаза II: Поддршка за граѓански и грасрут организации”, финансиран од Европската Унија преку Програмата ИПА III за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024–2025 за Република Северна Македонија.
Снимката од онлајн информативната сесија е достапна подолу. Можете да ја преземете и презентацијата тука.