Apply in 123 simple steps
Нашите вредности

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Човековите права се заштитени со Повелбата за основните права на Европската унија. Тие ја вклучуваат слободата од дискриминација, заштитата на личните податоци и пристапот до правдата. Секој граѓанин има еднакво право на овие права.

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ЕУ се темели на владеењето на правото. Сè што прави се засновува на договори доброволно и демократски усогласени од нејзините земји членки. Правото и правдата ги штити независно судство, при што Судот на правдата на ЕУ е конечен авторитет – неговите пресуди се задолжителни за сите земји членки.

ЕДНАКВОСТ

Еднаквоста обезбедува сите граѓани да бидат третирани еднакво пред законот. Таа ја вклучува родовата еднаквост и еднаквите можности во секоја сфера на животот. Овој принцип ја води европската интеграција уште од Римскиот договор.

ДЕМОКРАТИЈА

ЕУ е изградена врз претставничка демократија. Граѓаните имаат право да гласаат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент, без разлика дали тоа е во нивната земја на потекло или живеење. Политичкото учество е камен-темелник на европското граѓанство.

СЛОБОДА

Слободата ги опфаќа правото на движење, живеење и работа низ целата Унија. Таа исто така ги штити личните слободи, како приватноста, верувањето, собирањето и изразувањето. Овие слободи се гарантирани со Повелбата за основните права на Европската унија.

ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО

Човечкото достоинство е темелот на европското општество. Тоа е неповредливо и мора секогаш да биде почитувано и заштитено. Сите основни права произлегуваат од овој принцип.

Информативни денови

Дознајте како да аплицирате за поддршка од ЕУ МГО

На 15 октомври 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во Хотел Амор во Кочани ќе се одржи информативна сесија за новиот ЕУ повик „Поддршка на младите луѓе за економско зајакнување и претприемништво во Кочанскиот регион“. Локалните граѓански организации кои дејствуваат во Кочанскиот регион ќе имаат можност да дознаат повеќе за условите за аплицирање и да добијат практични насоки за подготовка на своите предлог-проекти.

Информативната сесија е наменета за локалните граѓански организации од Кочанскиот регион – општините Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница. Учесниците ќе се запознаат со приоритетите на повикот, условите и начинот на аплицирање, како и со практичните чекори за подготовка и поднесување на предлог-проектите. На сесијата ќе бидат претставени Насоките за апликантите, Формуларот за апликација и Образецот за буџет, а организациите ќе имаат можност да поставаат прашања и да добијат дополнителни појаснувања во врска со подготовката на апликациите.

За учество на информативната сесија, потребно е да се пријавите на crm-helpdesk@eu4cr.mk најдоцна до 14 октомври 2026 година, до 17:00 часот.