Љубинка Брашнарска е експерт во областа на комуникациите со повеќе од 15 години искуство во стратешка комуникација, односи со медиумите, видливост и јавно информирање во областа на меѓународниот развој, дипломатијата, хуманитарното делување и граѓанското општество. Таа има богато искуство во работа со меѓународни организации и донатори, вклучувајќи ја Европската Унија, УНХЦР, УСАИД и амбасади, во спроведување комуникациски стратегии, создавање содржини, медиумски ангажман и организација на јавни настани, како и превод и толкување за иницијативи финансирани од ЕУ и други донатори.
Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија Техничка помош за унапредување на овозможувачката средина за организациите на граѓанското општество во Република Северна Македонија, Љубинка е ангажирана како помлад неклучен експерт за комуникација и видливост. Во својата улога, таа ја поддржува имплементацијата на активностите за комуникација и видливост на проектот преку подготовка на разни комуникациски и веб-содржини, администрирање и ажурирање на веб-страницата, поддршка при организација и промоција на проектни настани и кампањи, обезбедувајќи редовна видливост на резултатите од проектот и поддршката од Европската Унија.
brashnarska@cpmconsulting.eu