Лидија има 20 години искуство во работа на меѓународни проекти финансирани од Европската комисија и УСАИД во областите на управување со проекти / канцеларија, администрација, координација, комуникација и организација.
Поголемиот дел од нејзините работни задачи вклучуваат координирање на активности во канцеларијата, организирање набавки за канцеларијата, организирање јавни настани, обуки и конференции, обезбедување општа административна поддршка на вработените и организирање на патувања, подготовка на финансиски извештаи, менаџирање на договори, преговарање со добавувачи на услуги и процесирање и плаќање на фактури.
Лидија e магистер за Едукативна димензија на меѓународна соработка и е сертифициран советник за развој на кариера според меѓународна програма за обука за советници за кариера, GCDF.
damceska@cpmconsulting.eu