ТЕМАТСКА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНОТО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Истражување на модели, предизвици, решенија и правна регулатива
Датум: 18 декември 2025
Време: 11:00 – 14:30
Локација: Хотел Панорамика, Скопје
Формат: Хибриден настан – учесниците може да присуствуваат физички или да се вклучат онлајн
Оваа тематска консултација има за цел да ги обедини клучните актери во земјата – организации на граѓанското општество, релевантни државни институции и претставници од Работната група за ЗЗФ и Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество – за дискусија за тековната пракса во распределбата на државно финансирање на ГО во Република Северна Македонија. Целта е и да се идентификуваат модели и конкретни правни решенија за транспарентно и одговорно државно финансирање, засновани на искуствата на граѓанското општество и институциите, како и на добри меѓународни практики.
Доколку сте заинтересирани да учествувате во консултацијата, Ве молиме испратете е-пошта на damceska@cpmconsulting.eu и stefanovic@cpmconsulting.eu
За повеќе информации, прочитајте овде.