Нoвости
02 Фев

Покана

02 февруари 2026

Министерството за правда ги поканува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавните консултации за Нацрт-законот за здруженија и фондации:

  • Битола – 4 февруари 2026 година, 11:00 часот, Europe House
  • Гостивар – 5 февруари 2026 година, 11:00 часот, Младински ресурсен центар „I Can“
  • Штип – 6 февруари 2026 година, 11:00 часот, Хотел Оаза
  • Скопје – 12 февруари 2026 година, 11:00 часот, Хотел Мериот

Целта на консултациите е да се поттикне отворен дијалог и да се соберат мислења и коментари за Нацрт-законот, кој е достапен за јавен увид на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Учеството е отворено за сите заинтересирани, а сите коментари — како за време на консултациите, така и писмено преку ЕНЕР — ќе бидат подеднакво разгледани.

Настаните се организираат со поддршка на проектот финансиран од Европската Унија „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.

Ве молиме да го потврдите вашето учество со испраќање е-пошта на tangelkova@justice.gov.mk и damceska@cpmconsulting.eu, со назнака на настанот на кој планирате да присуствувате.