Нoвости
05 Дек

Повик за експерт- IPA/2019/413-168 “ТП за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија”

05 декември 2024

Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија” бара искусни експерти за конкретни задачи за поддршка на спроведувањето на проектот. Целта на проектот е да ја поддржи Владата во унапредувањето на овозможувачката средина за граѓанското општество, а во исто време да обезбеди поддршка на малите и основните („грасрут“) организации во градењето на капацитетите и развојот на нивната одржлива оперативна способност.

Проектот го спроведува конзорциум предводен од Corporate & Public Management Consulting International (CPM) преку две компоненти: Компонента 1A) Поддршка на спроведувањето на главните цели од Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општество (2022-2024) и Компонента 2A) Поддршка во спроведувањето на главните цели од Акцискиот план за родова еднаквост 3 – План за спроведување во Република Северна Македонија.

Повеќе детали на линкот. Краен рок за аплицирање: 20 декември 2024 година.