Во втората половина на октомври 2022 година, ќе организираме регионални информативни сесии за механизмот на граѓанска отпорност на ЕУ на седум различни локации. На настаните ќе ги информираме организациите низ целата земја за повикот за предлози.
„Европската унија обезбедува 900.000 евра за поддршка на малите локални граѓански организации. Оваа поддршка од ЕУ ќе ги зајакне капацитетите на организациите и ќе овозможи успешно да ги спроведат своите активности за навремено да одговорат на потребите на нивните заедници“ – изјави Зинта Миезаине, лидер на тимот на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија” во чии рамки е објавен повикот.
Информативните сесии ќе се одвиваат со следниов распоред:
Датум и време | Локација |
19.10.2022, 10-13:00 | Хотел Гардениа, Велес |
19.10.2022, 16-19:00 | Хотел Кристал Палас, Прилеп |
20.10.2022, 10-13:00 | Хотел Меркур, Тетово |
20.10.2022, 16-19:00 | Хотел Арабела Кичево |
26.10.2022, 10-13:00 | Хотел Кратис, Кратово |
26.10.2022, 16-19:00 | Хотел Македонија, Делчево |
28.10.2022, 10-13:00 | Хотел Нар, Гевгелија |
31.10.2022, 15:30-18:30 | Ресторан Јавна соба, Скопје |
Механизмот за граѓанска отпорност е директна поддршка за граѓанските организации кој започна на 29ти септември и ќе биде отворен до 15ти ноември 2022 година до 17:00 часот (локално време).
Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна е проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International.
За повеќе информации, ве молиме контактирајте го проектот на следнава емаил адреса: info@eu4cr.mk