Датум: 06.11.2023 (Понеделник), 13:00 – 15:00; Место: Он-лајн zoom состанок
Проектот Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија финансиски поддржан од ЕУ упатува покана за консултации за правната рамка за сметководство кај граѓанските организации во Република Северна Македонија. Овие консултации имаат за цел да обезбедат платформа за граѓанските организации, правни експерти од областа, како и сметководители и професионалци кои водат деловни книги за нив да дискутираат за критичните правни аспекти кои ги управуваат сметководствените барања секторот и да учествуваат во формирање заклучоци за можни подобрувања.
Заклучоците од консултациите ќе бидат дел од идниот аналитички извештај и ќе послужат како основа за соработка помеѓу граѓанското општество и владата за подобрување на правната рамка кој ги регулира финансиските активности на овие организации.
Консултациите се наменети за директори и менаџери на граѓански организации, сметководители и финансиски професионалци, претставници на државните органи, истражувачи како и за донатори и филантропи. Учесниците ќе имаат можност да коментираат за постојната правна рамка за сметководството, темите обработени во аналитичкиот извештај и конечните заклучоци и препораки за можни подобрувања.
Придружете ни се во оваа важна консултација за да допринесете кон подобрување на правната рамка за сметководство кај граѓанските организации во Република Северна Македонија. Го очекуваме вашето учество и вашите вредни сугестии.
Регистрација:
Заинтересираните учесници можат да пријават учество преку e-mail на следната адреса cvetkovic@cpmconsulting.eu не подоцна од 3.11.2022.За сите прашања, ве молиме контактирајте го г-н Миов Николаки на nmiov@pkf.mk.
Агенда
13:00 – 13:10 Воведно обраќање – Претставник/чка на Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија
13:10 – 13:30 Презентација на најдобрите практиките од областа во земјите на ЕУ во споредба со локалното законодавство и нацрт заклучоци
Г-дин Миов Николаки, сениор не-клучен експерт за правната рамка за сметководство и економски активности на граѓанските организации
13:30 – 14:30 Отворена дискусија
14:30 – 15:00 Завршни заклучоци и препораки