Датум: 15.10.2024, 11:00 – 12:45 ч., Место: Зум (Zoom) платформа
Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Проектот за Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија финансиран од Европската Унија, ги поканува претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
На консултациите ќе бидат презентирани и дискутирани нацрт измените и дополнувањата на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, подготвени врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации по јавниот повик за консултации објавен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на 5.9.2024 година на www.nvosorabotka.gov.mk.
Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество на следниот линк.