Министерството за правда ги поканува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавните консултации за Нацрт-законот за здруженија и фондации:
Целта на консултациите е да се поттикне отворен дијалог и да се соберат мислења и коментари за Нацрт-законот, кој е достапен за јавен увид на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Учеството е отворено за сите заинтересирани, а сите коментари — како за време на консултациите, така и писмено преку ЕНЕР — ќе бидат подеднакво разгледани.
Настаните се организираат со поддршка на проектот финансиран од Европската Унија „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Ве молиме да го потврдите вашето учество со испраќање е-пошта на tangelkova@justice.gov.mk и damceska@cpmconsulting.eu, со назнака на настанот на кој планирате да присуствувате.