Нoвости
15 Јул

Доделени 49 грантови за директна поддршка во рамки на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ

15 јули 2023

Честитки за успешните 49 граѓански организации добитници на директна поддршка во рамки на првиот повик од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (CRM)[1]

Во процесот на селекција беа оценети 112 апликации поднесени од граѓански организации (ГО) регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации.

Главната цел на повикот за директна поддршка на граѓански организации беше да се зајакне средината и капацитетите на граѓанското општество за ефективно решавање на клучните реформски приоритети во нивните заедници, со што се унапредува демократизацијата на општеството. Дирекната поддршка[2] обезбедена преку CRM има цел да ги зајакне граѓанските („grass root“) организации на територијата на целата земја, овозможувајќи им да преземаат акции со кои се зајакнува отпорноста на граѓаните во услови на чести општествени промени. Исто така, поддршката на CRM служи за информирање на граѓаните за процесот на пристапување кон ЕУ и за поврзаните секторски реформи, при што се нагласува нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.

По темелен процес на оценување, беа избрани 49 корисници во пет лотови во рамки на отворениот повик. Овие корисници започнуваат со спроведување на акциите во периодот јуни – јули 2023 година.

Акциите се наменети да имаат локален „grass root“ пристап, чија цел е брз одговор на потребите на локалните граѓани. Иницијативите опфаќаат различни области, вклучително и заштита на човековите права, зелена и дигитална транзиција, младински активизам, родова еднаквост и права на жените, поддршка на ранливите и маргинализираните граѓани, граѓанско вклучување во различни локални политики и други напори насочени кон подобрување на секојдневниот живот на локална заедница.

Во продолжение списокот на 49-те добитници на директна поддршка:

Cписокот на CRM добитници

 

[1] Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (CRM) е програма за непарична поддршка на граѓанските организации што се спроведува во рамки на проектот „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ. За повеќе информации, кликнете тука.

 

[2] Грант за директна поддршка претставува вид финансиска помош или финансирање што им се доделува на поединци или организации во форма на стоки, услуги или непарични средства наместо во готовина. Наместо да добијат директни парични исплати, корисниците на директна поддршка добиваат конкретни стоки или услуги наменети да ги задоволат своите потреби или да им помогнат да ги постигнат своите цели.