Општата цел на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ е зајакнување на ефективноста на граѓанското општество преку подобрување на овозможувачката средина за граѓанското општество, на централно и локално ниво, и преку структурирана соработка на граѓанските организации со јавните институции и бизнис заедницата во земјата.
Проектот се реализира преку две компоненти и поврзани активности:
Компонента 1: Поддршка на спроведувањето на главните цели од Стратегијата за соработка со граѓанското општество – Приоритет I
Активност 1.1: Подобрување на правната рамка за развој на граѓанското општество
Активност 1.2: Подобрување на институционалната рамка за развој на граѓанското општество
Активност 1.3: Подобрување на финансиската рамка за развој на граѓанското општество
Компонента 2: Поддршка на спроведувањето на Приоритет III од Стратегијата и директна и приспособена поддршка за граѓанските организации
Активност 2.1: Поддршка на Приоритетната област III од Стратегијата
Активност 2.2: Директна поддршка на малите „грасрут“ организации
Активност 2.3: Обезбедување приспособена обука и консултации за малите „грасрут“ организации
Во декември 2023 година, периодот за спроведување на проектот беше продолжен и беа воведени дополнителни проектни задачи со нови компоненти и активности, како што е прикажано подолу.
Компонента 1А: Поддршка на спроведувањето на главните цели од Стратегијата за соработка со граѓанското општество (2022 – 2024)
Активност 1.1: Зајакнување на капацитетот на Генералниот секретаријат и државните институции за воспоставување на новата законска рамка и подзаконските акти за поволна средина за граѓанското општество
Активност 1.2: Зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за спроведување и усогласување со новата законска рамка и подзаконските акти за поволна средина за граѓанското општество
Активност 1.3: Повторно воспоставен добро структуриран и ефикасен Владин механизам за консултации и соработка со граѓанското општество за секторските политики и идните преговори со ЕУ од
Компонента 2А: Поддршка на спроведувањето на главните цели на Акцискиот план за родова еднаквост 3 – Национален акциски план за Република Северна Македонија во соработка со граѓанското општество
Активност 2.1: Развој на ефективни методи за вклучување на родовата перспектива во главните текови и нејзино следење
Активност 2.2: Зајакнување на граѓанските организации за ефективен структурен дијалог со институциите и во донесувањето одлуки во врска со родовата еднаквост во однос на Акцискиот план на ЕУ за родова еднаквост






